Во превод, ако се нафаќаш, поарно имај пари и намера да си останеш таму, затоа што тешко дека ќе дигнеш доволно цена на крај за да ти се исплати. Затоа и старото кај нас зјае празно, не се реставрира, ма колку и да е важно за историјата на архитектурата на градот (Зелената куќа во Црниче?), или му се влегува со багер и престанува да постои. На негово место, доаѓа модерна, помаранџаста зграда од приучен, неинвентивен архитект и инвеститор што сака да штеди на изолација.
Нејсе, за среќа, на многу места во светот ова не е така, а од најубавите проекти излегуваат и фотографии по интернет.
Ова што го гледаме било пивница во Грамерси парк, Њујорк, и веројатно така и изгледало.
Сега изгледа како филмски сет, како место за кое што си викаш „еден ден и јас вака” или дом што истовремено ти е и дома, и студио, и ателје и позадина за Инстаграм.
Внатре ќе живее четиричлено семејство со две деца. И веројатно ќе влегува и излегува еден тон народ, според тоа како е испланиран шанкот.
Плакарот е поголем од нечиј стан. Многу поголем.
И којзнае колку би чинело да се изнајми ова, со оглед на тоа што може да се изнајми за „само” 2000 долари.
Некои ќошеви се чудесно непотребни, а сепак придонесуваат кон целата атмосфера.
Постојат ли кај нас вакви трансформации? Дај кажувајте вакви работи.