Гледајќи онакви емисии (па и филмови каде што е тоа централна тема), кога купуваат крш куќа, ја реновираат и реставрираат и или уживаат, или ја продаваат уште поскапо, на човек му доаѓа да се запраша зошто со тоа не се бави. И одма има одговор: кај нас плаќаш локација. Така што, да, таа утепана барака во Козле што секогаш те инспирира кога ќе пројдеш може да се направи бомбона, ама во старт ќе ја платиш колку триспратната куќа до неа.