Има неверојатни детали - автопортрет на Боуви, скулптури, меѓу кои и една од од свадбата, што ги прикажува нив, „засекогаш испреплетени“.
Куќата ја изградиле од нула пред шест години, на прекрасна, изолирана локација. Природно, на Иман ѝ било тешко да биде таму, но потоа, објаснува дека ја спасила за време на страшните Ковид-бранови. Уште побитно, куќата ѝ помогнала да ја надмине жалоста, бидејќи има толку многу Боуви во неа. Од приказните што даваат еден симпатичен поглед во нивниот приватен живот, раскажува дека на првиот заеднички одмор биле во Париз, и не е воопшто доживљај што тој ѝ купил Ермес ташна - Иман вика, нема да ви се верува, ама Дејвид си купи - сандали.
За пријателството со Наоми Кембел, омилената книга на Боуви што влијаела на некои стихови во Heroes, просторијата каде што Иман поминува најмногу време, куповите камења низ имотот - целото видео е едно многу потребно частење. Обрнете внимание и на портретот што го насликала ќерка им, на кои се прикажани таа и Иман, и нормално - Дејвид.