Куќата е изградена во 1869 и е последна останата од колеџот Клаверак, школо основано за време на Американската револуција. Таму имаат учено еден претседател, еден градоначалник на Њујорк, воени генерали, државни секретари и окружни судии.
Колеџот се затвора во 1902, и оттогаш куќата станува дом за деца, па повторно школо, а од ‘80-те, приватно студио и резиденција на уметникот Михаил Чемјакин.
Чемјакин во Њујорк се сели во 1981 откако е подложен на присилно психијатриско лечење во Русија и протеран од страна на КГБ со 50 долари во џеб.
Денес, Чемјакин е еден од најбогатите и најпопуларни руски уметници, а неговите монументални бронзи се продаваат и за 300.000 долари. Многу од неговите уметнички дела можат да се најдат и по дворот и градините, а самата куќа е преполна со необјавени дела.
Не се знае кога точно ја ставил на продажба, но во јавност излегува во 2019, за 1,7 милиони долари, а сега е веќе 1,2 милиони. Се добива колиба за чуварот, куќичка, две гостински куќи и езерце. Не се добиваат сите скулптури, но некои ќе останат, а ќе остане и еден од муралите.
Замислете да си го купите сево ова:
Ќе треба мајстори, ама па замислете колку многу инспиративен простор е тоа.