Кај Џон Галијано дома

Има на почетокот на епизодата многу фина филозофија: „Предметите инспирираат, и тоа не само во однос на енергијата што ја носат, туку и нашата врска со нив.“ Опкружете се со вакви предмети.

Предметите, со сета нивна историја и мистерија, со сите нивни приказни креираат дијалог и будат емоции. А она што тука треба да ги интересира уметниците е дека кога ќе се разбудат емоции - се создава.

Галијано, со кој се запознававме тука, ја води екипата на Вог на историско и географско патување низ неговото скривалиште во северна Франција полно богатства.

 

5 јануари 2022 - 13:48