Минималистички дом со чудни предмети

Манекенката Иди Кембел прави тура низ нејзиниот дом во Нортемптоншир и покажува неколку занимливи предмети по пат. 

Прво, никој не знае каде е гратчето, од што е неинтересно. Сепак, куќата е шармантна и полна со чудесии, од неонски зелени чизми, до главата на Св. Јован Крстител.

Далеку е од одредени крајности на минимализам што сме ги имале тука. Има ужасно грди лустери и ламби, ама па - од другари и другарки ѝ се, па вредат.

Тенденцијата за грдо, без форма и без вкус (сама се пофали) се префрла и на други предмети по куќата. Сепак, немањето осет за естетика (освен за уредно етикетирање на шминката) станува занемарливо кога ќе се дојде до спална и ќе се види погледот. 

И најважното од сè што ќе покаже како што ќе каже и самата - кучето.

И коњите.

Ако се фрли оној зелен свеќник од почетокот - ич не е лошо за живеење:

17 март 2022 - 00:02