Луѓето што живеат во минимализам се посебна сорта, а веќе имаме апсолвирано дека никако не може да се донесе одлука околу ставот кон нив: те нервираат, или те инспирираат?
Очигледно рамнодушност кон оваа филозофија нема, затоа што не еднаш ја истражувавме: во „Досадното како концепт”, за жената што наоѓа возбуда во беж. Па, се акавме од земја за „Стан без мебел”, каде што една нè убедуваше дека е фино да се живее со 2-3 работки по дома. Дури и се потрудивме да учиме основи на минимализам со Џени Мастард, но некои од нас непослушно почнаа да размислуваат дали сто години стариот фиокар од кај баба им ќе им се вклопи во новата дома.
Ова се маж и жена, во 65 квадрати, во Сингапур. Сакаат празно и здраво, тотално небалкански. Дневната им е со две вреќасти фотелји, без телевизор (но со проектор, паметно) и имаат ограничен простор за ствари, што ги тера да бидат внимателни колку и како купуваат.
А да, и карики имаат во дневна, за вежбање. Вие кога последен пат вежбавте во дневна?
Како и да е, не се овие наши, во однос на лајкс и дислајкс, изгледа. Ама можеби некој од вас веќе размислува за комплетна промена (или за донирање ствари од дома) па ќе му се најде.
Ама ако некој праша, ова, или Њу Орлеанс по дома?
Ова некако на безбојно мава, на повеќе полиња.
Бонус за нервирање: Ден на една просечна Јапонка