Како целосна спротивност на оној едноставен, беж ентериер минатата недела, денес имаме ова:
Нели ви вришти „Њу Орлеанс”, и тоа баш и не мора да сте го виделе и почувствувале, туку едноставно, all that jazz што сте го слушале на плочи ко деца, ви извира само што ја гледате сликава?
Не дискутираме сега дали би се снашле во вака... богат простор. Најверојатно не, за ова треба карактер.
Домот и карактерот им припаѓа на нив:
Се разбира.
Се наоѓа во Хартфорд, Конектикат и двете живеат таму, со куче што повремено доаѓа на гости, затоа што е главно кај ќерката на едната.
Нагалено го викаат „Рај на земјата”, не е тешко да се сфати зошто. Куќата има толку многу лични моменти во секој ќош.
За процесот на уредување:
„Местово има многу сличности со станот во кој живеев 16 години, па декорирањето беше една многу мазна транзиција. Не морав многу да размислувам. Веднаш знаев дека сакам диско-топка во дневната, затоа што ми дава вајб на ’70-ти. За мене, уредувањето е средување на парчиња боја, уметност, семејно наследство и растенија. Сакам да бидам опкружена со прекрасна уметност која предизвикува размислување. Имаме среќа да познаваме многу уметници на кои сме горди и имаме нивни дела во колекцијата - Рики Силверспун, Кимберли Канон, Сенди Велч, Мина Екеварија и нејзиниот татко Елис Екеварија. (ноут ту селф енд ту ју: да се изгуглаат попосле.)”
Иако не изгледа дека нешто фали тука, сепак, велат дека им фали плишан кауч во некоја ведра боја, што ќе зрачи со удобност.
Ајде да одиме на деловите што свират најгласно:
И на овој ќош, сосе вратава, што изгледа како хипер-реалистична слика. И хипер-мистична, би можело да се додаде.
Ајде да одиме во трпезарија:
Ајде кај ред лајт дистрикт на Њу Орлеанс:
Зошто никогаш не ти текнува кога правиш нова кујна, наместо плотна да лупнеш вака плочки со плава боја како извадена од „Sвездена ноќ” на Ван Гог?
Купатило каде што можеш да си поседиш без да имаш чувство дека си во купатило:
И спална со секакви чудни работи и уметност:
Би се снашле ли? Или повеќе сакате вака, да одмориме од боја?