Се наоѓа во Бруклин и внатре живее Кејси Жанг. Кејси Жанг многу сака да носи бело и на денот на сликањето на нејзиниот стан има и избрано фризура за миење лице.
Сепак, раскажува симпатична приказна за нејзиното маало:
„Живеам во Њујорк над шест години и цело време се движам во станови што се блиску еден до друг. Го обожавам местово. Се добива баш она бруклинско иксуство, а има и многу забавни ресторани, кафичи и барови што не се пренафурани или прејаки. Многу е разнолико и непретенциозно. Не мораш да се дотеруваш за да си купиш кафе насабајле.”
Се одлучила за тивок стан. Во однос на бои и декорација. За разлика од овој шармантен хаос.
Има некој смирувачки шарм, нели?
На пример, деталиве:
И овие:
На ваков посебен тип на луѓе, на пример им текнува дека ќе стават празно, обично платно на ѕид, и уште едно на стол да го дружи:
А сепак, не можеш да им замериш. Празно, необогатено платно асоцира на толку многу милиони можности. Бар, тоа е еден од заклучоците. Од многуте милиони заклучоци.
Фина е посветеноста на еден тип на дрво, иако баш оваа боја на кујни и на врати во Скопје тера на повраќање, што од тоа како е комбинирана, што од тоа што те потсетува по стотти пат колку многу неиновативни луѓе има на метар квадратен.
Девојчево можеби и без да знае е приклонето кон концептот на префинетост за поубав живот. Еве да речеме дека го средила станот затоа што ќе дојде фотограф. Ама реално, како се растура овде?
Мора да се склучува договор со ѓаволот за секогаш да ти е вака средено дома, друго објаснување нема. Плус, да оддолееш на желбата да донакитиш и да докупиш затоа што ете, немаш баш седумнаеста перница или шолја за кафе.
Ѓаволот.
Тоа е.
И драматично поразлично од ова.