Посебен мајндсет е потребен да ти текне: заеби плафон-цените на недвижнини во Лондон, и онака сакам нешто поинакво, ќе си купам бротче.
После тоа, ти треба врвна креативност од старото бротче да направиш дом, каде што ќе живееш со уште еден човек и со бебе, и тоа не било каков дом: дом по сите параметри.
Имаат греење што зимно време го прави просторот бања, имаат детска соба, спална, купатило, кујна и сето тоа успева да изгледа големо.
Проблематично е малку што од кујна се влегува во купатило и вратите од купатилото не се нормални, туку онакви, saloon, ама сè друго функционира.
И проблеми функционираат. Знае да им снема вода (а им снемало, со четиримесечно бебе). Знае зимно време да им замрзне каналот на пример, но наоѓаат начин да го заобиколат тоа - и уживаат.
Омилено? Прозорот од спална:
Еве, нека ви раскажат: