Неделна доза ентериер:

Да одмориме од боја

Има нешто смирувачко во обоен стан, ако знаеш како да го изведеш тоа. И уште посмирувачко во дом со неутрални бои, ако знаеш точно каде да вметнеш виножито.

Овие луѓе на пример, виножитото го направиле од книги. Само на едно место! А ентериерот им е… па како што треба да биде, ако моментално паметот ти е во минимализам, скандинавско и слични други клучни зборови што прават домата да ти биде мирна.

Со мирно чи.

Како ли беше тоа со чи-то, кој ќе го знае. Јин, јанг. Сељачко, несељачко. Хипстерско или класично. Зависи од поднебјето и од гостите што ќе даваат коментари.

Како и да е, после бродот, после плавиот ѕид и црно-белиот тепих и ризиците што вреди да се преземат, го имаме ова:

Овде живее еден пар, веќе три години и се наоѓаат во Пенсилванија. Живеат со најбитниот елемент што може да го има еден дом - мачка, што ја спасиле од улица. Се вика Каи и се совпаѓа со ентериерот.

(Овде порачуваат: „Посвојувајте црни мачки! Најретко ги посвојуваат заради блесави суеверија!”).

Не, најозбилно, посвојување црни мачки е закон. Од искуство. Првото го посвојуваш сиво за некако да се убедиш со мајка ти дека ќе одговара на ентериерот, без разлика што ти е гајле какво е, кога си толку безнадежно заљубен во него. Второто го посвојуваш затоа што црни. мачки. се. закон.

Да се вратиме на темата. Што ви е подраго, многу боја, или ич боја? Рачно правени, шармантно фалични предмети, или остри рабови за Скандинавци?

Џени Ние и нејзиниот сопруг го држат декорот на минимум затоа што често се селат, што е паметно. Замисли да се селиш со триста тракатанци од кои 80% кршливи, како овде што имаше, на пример.

Омилен дел од станот им е кујната и таму поминуваат најмногу време. А омилени детали им се тие што ги собрале од патувања.

Она што уште не го нашле, а им фали е добра фотелја за читање.

Омилено правило за уредување?

„Ако нешто не го користиш повеќе од 90 дена - фрли го.”

Признајте дека ако се раководите според тоа, треба да фрлите пола стан низ тераса.

А ако не, тогаш - па, браво.

Еве како е кај нив:

А еве како е од надвор:

А ете го уште еднаш мачето:

извор

29 октомври 2018 - 15:40