Неделна доза ентериер:

Ризици што вредат

Да ризикуваш со облека е релативно лесно со оглед на тоа што пред да излезеш од дома можеш да се предомислиш, а ако се предомислиш на пола ден, секако на крај ќе се соблечеш. Да ризикуваш со малку потрајни работи како боја и ѕидови по дома бара повеќе храброст.

Во најмала рака - затоа што чини пари. Ај што ќе решиш да дадеш пари и да ги искречиш сите ѕидови помаранџасто (не-мој), тоа е планирано. Него кога ќе треба да ти речат „ти реков, не-мој”, и кога ќе сфатиш дека биле во право, уште толку ќе кошта за да префарбаш во некоја безбедна беж.

Што не значи дека некои ризици не вредат.

Метален украс за над кревет, што дури откако ќе го ставиш сфаќаш дека баш тоа и требало на спалната, ретро плочки што ти го трансформираат купатилото и слично - тешко е да препознаеш што точно ти треба, ама па, штом во петок навечер седиш пред екран и гледаш ентериери, може ќе ти се најде:

1. Прозорски рамки во боја

Никаде не пишува дека мора да се бели/црни/кафеави (особено ако живеете во простор што уште ги има оние дрвени, ретро прозорци од после земјотресот). На пример, нека бидат црвени, плави, жолти - што и да ве прави среќни.

2. Шаторски таван

Ова на гугл се бара со tenting, и изгледа многу занимливо, особено ако се направи како што треба (да не бидеме како во еден стих на Влатко Стефановски, за еден филм). И фино е ако немате многу високи тавани. Тука има туторијал како се прави.

3. Sидови од кафе

Мешање на кафе со гипс на ѕидовите дава една доза на романика во изгледот на ѕидовите. Самата текстура создава суптилни сенки во текот на денот, како што се менува светлото. Овде има повеќе.

*Бонус: Најдете си графичка инспирација, слоган или збор и нарачајте custom шаблон. И после еве ви Јутјуб.

5. Лакирани ѕидови

Лакот потекнува од источна Азија, од пред илјадници години, каде што се користел за заштита и декорација на различни предмети. Денес е популарна техника за светла и храбра боја на ѕидови - и делува како сјај за уста.

И јако е!

6. Размислете за бели подови

Многу вршат работа за осветлување на просторот. Има неколку различни методи и медиуми за постигнување на овој изглед, вклучувајќи и епоксидна смола, полиран бетон и избелено дрво.

6. Мешајте метали

Кога декорираат, луѓето често чувствуваат потреба да изберат само еден метал, и до него се држат. А всушност, со мешање метали се додава многу на карактерот на просторот, особено кога веќе имаме еден куп варијанти - месинг, хром, бронза…

8. Не се плашете од темнината

Светла, бела соба е супер, ама има една удобност во мрачниот простор. Ако изберете темна боја или тапет за ѕидовите, домот може да ви стане многу поинаква приказна. Да, често се поврзува со мрачно расположение, но не мора да значи. Темно во комбинација со светли бои може да биде многу ведро.

9. Слободно збеснете околу осветлувањето

За многу луѓе, осветлувањето е меѓу последните занимации, а треба да се гледа како накит на домот - со светло можат чуда да се направат.

19 октомври 2018 - 20:27