Празнична колумна

Една Е Мајка

Денес е Св. Архангел Михаил, голем празник и роденден и именден на мајка ми. Ако има некој што не знае, Архангел Михаил уште народски се вика и Душовадник, така што, според ова што ќе го видите, мајка ми не можеше да избере поадекватен ден за да се роди.

'Облечи друга маица за фарбање, ако ја исфлекаш оваа, ќе те нокаутирам.'

'Мамо, ај испржи компири?'
'Како да не.'

'Мамо, ај да праиме торта.'
'Не може, на диета СМЕ.'

'Уште ќе јадеш?'

'Тоа ќе го носиш?'

'Све у исто се облакаш.'

'Животот не се состои само од макарони за доручек, ручек и вечера.'

'Види си ја собата, девојка за мажење.'

'Не се секирај ти, има кој да чисти...'
'Добро, дај да усисам.'
'Не може, ќе ми ги изгребеш лајсните.'

'Куќата ќе прооди, ти викаш гости.'

(визуелен приказ на проодена куќа #haos #lom)

'Тргни се од садовите, жал ми е кога те гледам, врска немаш.'

'Што се квакна сега тука?'
'Жешко ми е у соба, што ти сметам.'
'Ми збориш, гледам телевизија.'

'Цигара врз цигара.'

'Што дочекав, да се мењате со татко ти со цигарите.'

'Шеснаесто кафе?'

'Без падавичарење.'

'Како ве родив вакви глупи?'

'Како ве родив вакви паметни?'

'Тупи деца мајкини.'

'Јас само згодни деца раѓам.'

'...и рендген за јазици. Јас само рендгени раѓам.'

(На брат ми) 'И сестра ти беше таква глупа како тебе.'

'Јас те родив таква увиџајна.'

'Мразам ноги у икс.'

'Ти не си ракета, ти си на мама спејс-шатл.'

Тие што планирате мајчинство во скоро време, од искуство 28-годишно - инсистирам неотповикливо дека е ова најдобриот начин да се биде мајка. Ќе имате умно, прикладно цинично дете (јас), со возрасна смисла за хумор од мало (брат ми), истенчен осет за естетика на ентериер и корисно љута нетрпеливост према глупи особи, нешта и ситуации.
Крајно корисно и бескрајно сум благодарна.

Јана

(еве сум тука и тука)

nultapozitiv@yahoo.com

21 ноември 2014 - 15:19