А што?
Да пратиме допис и да прашаме, што ви е бе, на вас? Све по земја ли седите?
Искрено, малку и обесхрабрува фактот што за важен дел од станот се смета едно кружно килимче што служи за „молитва и вежбање благодарност.”
Тука сфаќаш дека нема што да се расправаш, туку треба малку да го отвориш умот и да видиш каква е оваа филозофија на живеење.
Се живее во бела боја, без мебел, со маче (кое има сепак свој мебел, затоа што е маче и не мора на животните да им ги наметнуваме нашите неподносливи људски лудила).
Се седи на перници, и на оние картонски табуретки што се склопуваат за така затворени да фаќаат место колку весник.
Се чуваат и растенија.
Кога веќе ќе почне да ви игра окото и да ве фаќаат нервите од чистота и беж нијанси, одиме во кујна.
Е, кујна мора да има, ама не се секирајте, и тука цврсто држат до себе. Се обидуваат да не прават ѓубре и да не трошат многу, па во шпајз чуваат овошје затоа што се fruitarians (овоштаријанци?! Вегани што главно јадат овошје, и понекогаш семки). Сè им е дрвено или керамичко.
Плакарот е собира три кошули. Дека минималистички.
Не користат ни сјај ни паста за заби. Сè се тоа некои домашно изработени чуда.
И -
Рециклирана.
Тоалетна.
Хартија.
Како да не се нервираш?