Трендот е „Барбикор“ ентериер

Наводно, официјално сме влегувале во ера на Barbiecore - тренд за уредување инспириран од сите прекрасни розевштини на Барби.

Нормално, главниот збор го води ТикТок, и една корисничка, чиј профил е Теј БипБоп дава и изјава за Јаху:

„Обожавам шарени ентериери и многу сум среќна што стануваат сѐ попопуларни. Кога помислувам на Барби-домови, мислам на големи шарени детали. Не замислувам непотребни нешта, бидејќи барбиките немаат чаши за вода насекаде, кутии од испорачани пакети и џанк-пошта насекаде по куќата. Кај Барби, минимализмот се спојува со максимализмот. Мислам на големи, шарени парчиња „со изјава“ - значи портокалова, кадифена аголна гарнитура, тапет со розеви точки и некој прекрасен лустер.“

Вака има таа средено:

А за да си го донесете трендот дома, прво препорачува „голема работа за мала цена“:

„Наместо да купувате десетици мали предмети за да го постигнете Барбикор изгледот, купете неколку поголеми - и не мора да биде скапо. Додајте на пример розеви светки на позадината на полица за книги. Исфарбајте ја врата од спалната виолетова. Купете еден рунтав розев килим за во дневна.“

Друг извор на инспирација е House of Adora. Се наоѓа во Нешвил и како вистинска куќа за Барбики е. Екстериерот е розев (сосе патеката до куќата), розева кујна, розево купатило… Јасно ви е. Сопственичката ја изнајмува за фото и видео сесии.

Вели,

„Барби-розевото е гламурозно и бестрашно. Ми се обраќале на социјални мрежи и ми кажувале дека порано се срамеле дека им се допаѓа розево, но веќе не. Жал ми е што воопшто некој им предизвикал такво чувство. Но, среќна сум што се менува времето. Розевата е толку убава боја и се радувам што сѐ повеќе луѓе ја прифаќаат.“

Има и понапорна и похрабра варијанта - жешко розево:

Ако ви доаѓа премногу, и само детали се доволни за да се качите на возот.

18 август 2022 - 00:01