При селење прв пат, многу луѓе се одлучуваат за ИКЕА и логично е: прават фин, современ и евтин мебел. Во Јапонија имаат и опција ич да не се мачат со наоѓање стан, па уредување. ИКЕА го издава спремен за 1 долар.
Микро-станот се користи за ИКЕА да прикаже колку добро се вклопуваат нивните производи во мали простори. Локацијата е соседството Шинџуку, а станот е вкупно 10 квадрати на две нивоа. На првиот кат има компактно биро што се преправа во трпезариска маса, и простор со мала аголна софа што се пушта во кревет. Има кујниче, машина за перење и купатило со туш и вц-школка.
На горниот кат има удобен кревет, до сет од фиоки. Од пофините предмети, има модуларни полици што се продолжуваат до второто ниво и маса на тркалца што може да се шета по станот, каде што има потреба.
Фин е мебелот, ама она што е најпривлечно е цената - 86 центи. Сметките ги плаќа станарот сам, како и трошоците за селење.