Она што издавачите и печатарите го нарекуваат „грб“ на книгата не само што има практична функција - полесно да ја најдеш онаа што ти треба во купот - туку би требало и естетски да „личи“. Впрочем, тоа многу добро го знаат аранжерите на мебел на големите саеми, кога на полиците ставаат само обвивки полнети со стиропор од собрани дела на Толстој (а едно време и од Тито и Кардељ).
Но нов минималистички тренд советува книгите со грбот да бидат свртени кон ѕидот. Објаснувањето е дека на овој начин се обезбедува понеутрална текстура и боја во просторот, кој визуелно делува посмирено.
Идејата фати корен на Инстаграм, каде под #backwardsbooks се постираат домашни аранжмани од свртени книги, меѓу кои и овој, со нешто што изгледа како дупка полна со вкоричена хартија.
Некои од дизајнерите на ентериер кои постирале вакви предлози, како блогерката Наташа Мајнингер, соочена со критиките на „вистинските“ љубители на книгата (или едноставно попрактичните), се правдаше со тоа дека има прочитано илјадници книги, кои нема намера да ги препрочитува, па оттаму и не и е неопходно да може лесно да ги најде. А дека во случајов му дава предност на „скулптуралниот“ ефект на поставеноста на книгите.
Можеби најдобриот коментар на целава работа го имаше Базфид: