Во една од најстарите улици во Милано се наоѓа гнездото на Франческо Рисо, полно бизарен мебел, бои и неочекувани предмети.
Приказната за цементираната вазна со сончогледи почнува наивно, па станува концептуална уметност: ја направил заедно со пријател, огромна е и страв му е дека ќе му ја скрши масата на пола. Далиевски ужива кога ќе му дојде друштво - кога ќе испоседнат околу вазната, не можат ни да се гледаат меѓу себе, за на крај, кога ќе се начукаат, вазната да добие тотемска димензија - па и да танцуваат околу неа.
Трпезаријата ја вика и соба за музика, и тоа од очигледни причини: таму му стои челото. Свири наутро и доцна навечер и тоа му е учење на еден комплетно поинаков јазик.
Сите завеси во станот ги има сликано сам.
Во кујната му висат растенија како во џунгла.
Не сме обрнале внимание на Марни како бренд, ама после вакво запознавање со креативниот директор, време е да се разгледа.