Пред да се вселат, било магацин, но потенцијалот, со прозорците, каминот и големиот простор бил неодолив. Со години шетале по продавници, бувљаци и слично, да го уредат и го полнат како што обично се полни стан кога му живееш со децении. Но, во ’90-те, Стивен оди во Јапонија и од таму се враќа со поинаков вкус за уредување по дома.
Ставот на Дороти останува ист:
„Мари Кондо вели да го фрлиш тоа што не ти е љубов. Е па, мене сѐ ми е љубов, Мари. Што да правам?“
Среќа па, во 370 квадрати има доволно место за два различни света, особено кога децата се веќе отселени.
На нејзината страна е семејната кујна, дневната и две спални, заедно со бројни колекции, тракатанци, сувенири и играчки.
Неговата страна е поминималистичка: Стивен себеси се нарекува јапонски ентузијаст и патувањето во Јапонија му оставило длабок впечаток. Кај него се собите што порано биле на децата, а сега се викаат глобус ријокан, место што е направено за церемонии за чај, каде што можеш да размислуваш во тишина. Му припаднале и гостинските соби за уметници што се запознаени со овој концепт: нема западњачки мебел, туку татами и футони.
Кога ќе го прашаат како му е во просторот на жена му, вели, „Не баш удобно. Ми има дозволено простор да живеам; мислам, доволно сме возрасни и веќе ги израснавме децата - не сме заклучени во одреден сет на правила. Го почитувам тоа што таа го има направено. Таа е музејски човек, колекционер. Тоа веќе не е моја естетика.“
Замисли никогаш да не мораш да се расправаш со партнерот околу вкусови и да си вака паметен.