Ај прво да видиме што ќе добиеш во Скопје за тие пари. Ако ја земеме сумата од 200 долари (околу 10.000 денари), добиваме месец дена кирија во најверојатно нормално станче, и така 10 месеци, до 2000. Колку што е еден месец во Ист Вилиџ, дома кај модната уредничка Алиса Коскарели, со нејзиниот шармантен ѕид од цигли, кујничето што не го користи и клаустрофобично малите и преполнети плакари. Плус, бидејќи се бави со мода, имала избор: телевизор или рафтови со кондури. Јасно дека второто.
Во секој случај, фино би било да се има повеќе простор (и вратар, затоа што на Алиса ѝ крадат и ѝ претураат во пакетите што ѝ стигаат по нарачка и ѝ ги оставаат во влез), а од друга страна, кога имаш 20-30 години, има еден шарм во тоа да одговараш на предизвиците на твојот мал стан, притоа пресреќен што можеш да си дозволиш хаос, само затоа што си раат.
Иначе, има и бетер: Една во Токио живееше во 8 квадрати, во стан каде што не можеше ни рацете да ги рашири.
И, кога сме веќе на темата: Дали е време да се иселиш од кај твоите? Кај нас нема вакви суми од 2000 долари за еднособен стан.