За тие што ги менаџираат, профилите се како втора работа и тоа со полно работно време, а многу од нив не ни работат во модната индустрија. На пример, Џулиса Солис има 26 години и го има направено @SelenasCloset, во 2012-та. Моментално работи на магистерската. Се инспирирала од слични профили како @HausofRihanna и @TaySwiftStyle. „Во тоа време постоеја само тие два и беа беспрекорни,” пишува Солис. Зад @HausofRihanna стои Шина Ворд. Работи ноќни смени во хотел во Барбадос а деновите ги посветува на тоа што облекла Ријана. Никол Меденблик од @HadidsCloset е студентка што живее на периферија на Амстердам.
Причините што се нафатиле да бидат куратори на овие селебрити модни профили им се слични: едноставно им се допаѓа стилот на таа и таа и уживаат да си играат модни квизови на Инстаграм.
И како успеваат да ги идентификуваат сите брендови што овие девојки ќе ги стават на себе, од чизми до маски за телефони? Процесот знае да биде многу напорен, според Ворд. Со годините се научиле дека има алатки што можат да им помогнат да бараат, на пример ShopStyle. На тоа знаат да изгубат и по три часа.
Истрагата е одма полесна кога имаш директен контакт со стилистот на личноста. Меденблик често комуницира со стилистката на сестрите Хадид, Мими Катрел, а Солис е на телефон со стилистот на Селена Гомез, на пример. А Ворд раскажува:
„Во 2012-та ме контактираше Отенберг, еден од стилистите на Ријана. Зборувавме на телефон и воодушевен беше колку сработувам сама. И тогаш ми рече секогаш кога ќе ми треба информација да му се јавам.”
И фино е да имаш пристап до стилисти тешки за наоѓање и следачи што се бројат во илјадници и ги вклучуваат и самите славни личности што ги сакаш но - исплатливоста е релативно непостоечка.
Си помисливте камо мене да ми текнеше да отворам профил за рандом Селена Гомез пред 5 години? Размислете пак.
Успеваат да заработат нешто од блоговите околу 2010-та, што во денешно време е тешко затоа што суперфановите одат директно на Инстаграм и таму бараат што ги интересира. На некој начин по малку им се исплати со тоа што добиваат подароци. Дизајнери и козметички куќи често им праќаат пакети. Но, според Ворд, не е сè во парите и подароците:
„За време на Греми наградите, Отенберг ми пиша на Инстаграм: ‘подобро од мене знаеш што носи, а јас ја облеков!’ вели таа.
И за луѓе кои поголем дел од денот посветуваат на тоа што облекол некој друг, а притоа за тоа добиваат само возбуда од лајкови кои не се ни лично за нив и по некој пакет облека и козметика и таквото препознавање вреди нешто.