После разгледување на 2100 уметнички дела собрани од целата кариера на Ван Гог, Ванс и музејот ја сведуваат архивата на четири главни дела кои најдобро ја претставуваат страста на Ван Гог за оживување на убавината, емоцијата и бојата, како и креативниот етос на Ванс. Зборуваме за „Череп”, „Бадемов цвет”, „Сончогледи” и авто-портретот.
И како најважните дела на Ван Гог ќе станат мода?
Како што требаше одамна да бидат мејнстрим вредност, наместо некои други појави, а некои луѓе решиле да го разработат овој нов правец (Келвин Клајн и Енди Ворхол). Во секој случај, Ванс тоа стилски го сложува вака:
- Черепот се појавува затоа што е претставник на почетоците на Ван Гог како студент по уметност. Додека учел теорија на бои, се фиксирал на черепи и разгледувал како сенките и светлата минуваат низ нив.
Ова оди на класичната еспадрила на Ванс, на маица со долги ракави, на дуксер и на капа. Суптилните детали од неговите потези со четка и ракописот ѕиркаат низ обновени шах-принтови.
- За да се отслика неговата генијалност кога се работи за боја и текстура, три нијанси на жолто, во чест на „Сончогледи”, внимателно се нанесени преку пет платна, вклучувајќи ја и силуетата на Authentic, маицата Boyfriends, а има и дуксер со „Сончогледи”.
- „Бадемов цвет” го претставува новиот живот и желбата на Ван Гог за душевен мир. Ванс овде прави чест на нежноста на оваа приказна со тоа што ја печати на сатенски материјал за специјална бомбер-јакна, капа и ранец.
- Авто-портретот ја отелотворува еволуцијата на неговиот уметнички стил, „каде се овековечува самиот себе користејќи светли, неизмешани бои и нова техника за спојување на комплементарни бои за да се креира длабочина и интензитет.” Го има повторно на Authentic силуета и на огромна маица.
Секое парче доаѓа со етикета која содржи факти за уметноста на Ван Гог. Патиките имаат и дизајнирано дно, со логоата на Ванс и музејот, и мало ехо на познатите потези со четка.
Ќе може да се купува од 3-ти август, а тие што ќе имаат среќа да се најдат во Ван Гог музејот ќе можат да си купат и од гифт-шопот таму.
Значи, ако се прашувавте каде да инвестирате... Ете.