Келвин Клајн вади капсула во соработка со Фондацијата на Енди Ворхол, со ликот на уметникот на фармерки, маици и патики. Она што најмногу нè интересира е што сите овие производи посебно би чинеле од 50 до 180 долари.
Авто-портретите искористени за оваа колекција се направени во годината пред да умре, печатени се на платно во неонски бои, а нивните оригинали живеат по галерии и музеи ширум светот.
А сега една нивна репродукција може да ни виси во плакар за помалку од 200 евра.
За тие што имаат пристап до свежи колекции на Келвин Клајн, ова е достапно од 7-ми јуни.