Ви текнува на ташнава?

Изгледа од Диор ги фатила некоја носталгија, па после 18 години ја враќаат „ташната за јавање”, што некои од нас може и да не ја памтат поради Парис Хилтон модата со која бевме преплавени во 2000-та.

Креми, спрејови за лице, масла и серуми - ставајте во фрижидер

Замисли да станеш од жешко (а знаеме како е кога ќе станеш од жешко), миеш лице и ставаш нешто фино и ладно, па уште и што се бори против брчки. Продадено?

А што ако сакам да ја откажам свадбата?

Толку ретко слушаме кај нас откажана веридба или свадба, што излегува дека сè со среќни бракови сме опкружени. А гарант барем на еден пар ќе ви текне во моментот што „ич не требаше да се зимаат.” Плус, тоа откажување ич не е филмско - се свестуваш дури во црква, се вртиш кон партнерот и наместо да повторуваш по попот, му викаш „јас ова не можам.” Фрлаш свеќите и стануваш травел блогер, а партнерот дресер на кучиња и на следна средба наздравувате од различни краеви на собата. Не.

Што имате против „basic”?

Ако знаете што значи, тогаш веќе ви долетуваат сите показатели на basic пред очи. Ако не знаете, тогаш, ви текнува на оние луѓе што пијат кремасти (во Солун: Старбакс) кафиња, имаат врамено Live, Laugh, Love, по дома им висат новогодишни сијалички за атмосфера и во јули, сакаат ванила, сакаат свеќи, си подаруваат свеќи меѓу себе, од плажа во Грчка објавуваат инстаграми со #travelislife или зајдисонца, имаат постер од Ајфелова кула и слично? Или сте веќе такви? Па, што има лошо во тоа, бе?

Ана Винтур и „џорданки” во иста реченица

Не само што се во иста реченица, сега Air Jordan и Ана Винтур сега делат модел на патики.

Мажите даваат пониски оценки на женски филмови

Центарот за истражување на жени на телевизија и филм објави истражување според кое жени-критичари имаат тенденција да даваат повисоки оценки на филмови со жени во главна улога, за разлика од мажите кои тоа не го прават толку често. Ова и не е некоја новост, но е малку депресивно кога ќе ти текне дека во индустријата има двојно повеќе мажи од жени.

Пробајте да бидете слаби некое време, па да видите како е

Секогаш има една во друштво што јаде колку сите заедно и пак е слаба. Ретко се жалеле таквите дека се преслаби и дека им е тешко, главно се жалат тие што и вода им се фаќа и од магла се дебелеат. И сè тоа беше во ред, додека не дојде новата боди позитивити мода и не само што се опседна со себе - туку и удри по слабите на кои често знае да не им е лесно.

Mr. Big донираше за кампањата на Миранда

Или, ако сме посериозни, после Сара Џесика Паркер и Кристин Дејвис (Шарлот од „Сексот и градот”) за кампањата на Синтија Никсон донираше и Крис Нот, или Mr. Big, или како што се преведува кај нас „Sверката”.

Миланска модна недела: Улична мода

Има нешто што ти прави фино, кога со кафе гледаш слики од последниот голем моден настан. Ама не толку поради тоа како продукциски го средиле, не од гломазно популарни фаци. Повеќе од околните минувачи, посетителите со послабо познати имиња и главно луѓето што ги бојат улиците. А богами во Милано посветено ги обоиле. 

Би ви рекле пазете како се ракувате, ама џабе

Една жена тужела дека откако агентот за недвижнини, кој ѝ покажал некој имот во Сиднеј, толку силно ѝ ја стиснал раката за поздрав, што ѝ нанел тешки повреди и сакала тоа да биде категоризирано како „насилство”.

Не сакаат сите девојчиња да работат мода

Некои сакаат да балсамираат мртовци.

Карминот „F*ck Trump” собра 100.000 долари

И сите ќе одат кај семејствата што Трамп ги раздели на граница.

Крокс на штикла

Од Крокс решија дека светот не бил доволно поделен низ историјата и дека сега ќе ја направат најјезивата поделба - на луѓе што ќе носат и луѓе што нема да носат - крокс на штикла.

Ја видовте ли епската ревија на Долче и Габана?

На Јутјуб има 10 минути снимка, што најверојатно ни од блиску не доловува какво стварно било, ама она што е уште поимпресивно е 1-минутното филмче со најјаките моменти. Епик.

Миленијалците се најголеми клиенти за висока мода

Илјадници часови рачна работа, закажување за земање мерки и чекање по 12 месеци за еден фустан: вака сме навикнати дека изгледа светот на високата мода и на прв поглед ич не е соодветен за денешно време, кога пазариме со еден клик. А сепак, процентот на миленијалци што пазарат баш на високо расте и тоа брзо.

Минимализам и мода: што значи тоа и зошто е паметно

Неодамна пишувавме за основите на минимализмот според Џени Мастард, со видео во кое што нè учи како да престанеме да растураме. Некои од нас се уште на прва лекција, но добро, додека да влеземе во штос, да видиме во кој сè дел од животот можеме да срдечно да го поздавиме минимализмот.

Лагата наречена #NoMakeup

Прво имавме „no makeup makeup” или „шминка без шминка”, феноменот на носење толку лесна и фина шминка што е речиси незабележлива. А сега имаме само „без шминка”. Без дискретни замавнувања со четка, стварно, последниот тренд е неносење шминка.

Па, само што се избоцкавме

Кајли Џенер пак може да влијае на економија. Само вие смејте се. После целосното изобличување од таа религиозна посветеност на естетски корекции, што со силикони, што со филери, Џенер роди и одлучи да ги вади филерите. Па да видиме како тоа ќе се одрази на козметичката економија.

Сериозни дилеми пред одмор

Дали би се откажале од бразилска депилација?

Кози во плик

Кај нас по свадби главно се даваат пари. И тоа трае толку долго, што ни досетките со пеглите и миксерите не се веќе интересни. Позападно имаат уште пофина варијанта: младенците се регистрираат во одредени дуќани каде што има ствари што им требаат и ти одиш таму, гледаш што ставиле на список и бираш што ќе им купиш според буџет, со што тие ќе избегнат 4 исти сервиси за кафе, на пример. Понекогаш ќе прашаш, „што ви треба”. Само, што се прави кога зетот и невестата на тоа ќе одговорат: „Па, 1000 кози.”?

Мајките добиваат поинакви коментари на Инстаграм

Луѓето се проблематични. Колку и да знаеш дека се добри, имаат еден неквалитет што те тера да бидеш внимателен: полесно им е да те тешат отколку да ти честитаат. И просто е фрустрирачки што хиени демнат насекаде и треба да имаш вонсериски голема самодоверба и висока свест за себе за да не те допре нивниот отров. Или тоа, или интроспекција да ти биде јака страна. Или едноставно да си свесен дека не може да се важи мислењето на некој што ти тврди дека не си доволно добра мајка затоа што објавуваш слики од себе на Инстаграм.

Што се учи кога ќе наполниш над 70 години?

Емили, Барбара и Беатрикс имаат над 70 години и мудрост за цел еден свет да се почувствува помладо.