Можно е да не знаеме да користиме и да чуваме парфем

Среќа има кој да нè научи.

Лесно е да носиш мирис - прскаш и готово. Но да го носиш добро бара малку повеќе вештина и финеси. На пример, сте знаеле дека каде треба да се нанесе зависи од околината и облеката? И онаа тенденција што ја имаме да ги триеме зглобовите еден од друг, според Френсис Куркџијан, човекот зад Christian Dior Eau Noire и Carven Le Parfum е „многу лоша”. Плус, Chanel No. 5 има толку убаво (и историски важно) шише, што може да ви се чини како фенси декорација на местото каде што го чувате во бањата. А пареа од жешки тушеви ич не оди добро со парфеми.

Вака се прави:

Не тријте - само прскајте

Речиси несвесната навика - да прснете на зглобовите, па да протриете, како што ќе каже Куркџијан е ужас. Зошто? Триењето „ја загрева кожата, што произведува природни ензими кои го менуваат мирисот.” Најзагрозени се врвните и средните ноти. „Кај цветни парфеми на пример, топлината влијае на сè и на крај се губи острината,” објаснува тој. „За да го зачувате интегритетот на парфемот, плус за да трае подолго на кожата, шприцнете на двата зглобови, нека се впие течноста и потоа не правете ништо друго таму.”

И околината е важна

Кога се работи за чување, парфемот е речиси како жив организам - екстремно е чувствителен на промени. „Не сака да оди од топло на ладно,” вели Куркџијан, додавајќи дека таквите промени во температурата предизвикуваат неочекувани хемиски реакции кај природните состојки и побрзо го стареат парфемот.” Цитрусен парфем во бања полна жешка пареа губи од свежината, а ултравиолетови зраци влијаат на бојата - килибарните тонови можат да тргнат накај зелено. Излегува дека најдобро место за чување парфеми е во кутијата во која се дојдени и на собна температура. Ако ви се претерува, размислете и да го чувате како вино. Има луѓе што чуваат по некое шише и во фрижидер.

Најдобрите парфеми се во мали пакувања

Колку и да ви се чува, парфемот треба брзо да се троши. Полупотрошено шише кое стои долго време веќе е под влијание на кислород, кој полека ги растура молекулите на мирисот и го менува составот. Најдобро е секогаш да одите со најмалите шишенца, по можност и оние што се продаваат како samples на фришоп. А ако сепак имате огромно 50 или 100-милилитарско шише, тогаш - фрижидер.

Ако се мислите тогаш глава (или коса)

Има неколку правила за долготрајност на мирисот. „Парфемот не трае долго на сува кожа,” вели Куркџијан и предлага или лосион за тело со истиот парфем, или лосион или крем без мирис. Каде го носите парфемот е исто така важно: „Не го покривајте со облека,” вели тој. „Наместо тоа, ставајте на отворени делови од кожата: на внатрешниот дел од лактите, на пример, ако не носите ракави. Единствениот исклучок е сепак, ако сте на многу топла клима - тогаш е најдобро да не ставате директно на кожата. „Додека се потите, природните масла на вашата кожа го уништуваат парфемот побрзо. Шик-алтернатива е да прснете на коса или на марама или шал. Тие се движат со воздухот и помагаат да се рашири мирисот.

И овде муабетиме за парфеми. И овде, за хакнување на скапи парфеми. И за зошто сите сакаат да мирисаат на земја.

И, дали ви текнува на Палома Пикасо?

23 јули 2018 - 13:35