Не сакаат сите девојчиња да работат мода

Некои сакаат да балсамираат мртовци.

Во шест-и-кусур-минутно видео, многу налик на тие монтажи што излегуваат од модни блогери или главно светкави, нашминкани луѓе од фенси индустрии кои шетаат од соба во соба на нивното работно место и кажуваат колку им е закон, се појавува една Миранда, спој од пин-ап девојка и лик од Insidious кецот. Има специфична естетика, знае кој кармин и е омилен (и кој би сакала да го носи во гроб), и дефинитивно ужива во својата професија, која многумина ќе ја доживеат како материјал за кошмари, евентуално како фина идеја за хорор.

Некој мора и тоа да го прави

Додека рандом славни личности шетаат по своите домови и галат по некој Оскар или Златен глобус на поминување, или пак вработени во индустријата за убавина и отвараат врата на камерата и воскликнуваат „ова ни е собата за состаноци и тука решаваме кој ќе го покрива Фешн вик”, Миранда ги погалува ковчезите, кажува кој е најпопуларен и објаснува каква шминка се користи за луѓе што не се веќе меѓу живите.

Позира за снимање како Џеки Кенеди во безгрижните години во Белата куќа и коментира колку се сменети времињата, штом има се повеќе жени во погребалниот бизнис кој до скоро бил претежно машки.

Симпатично чудна, со степфордски пристап кон раскажување на сопственото професионално секојдневие, со познавања од анатомија и хемикалии додека танцува на границата меѓу statement и too much кога се работи за комбинации на шарено и анимал принт.

Како изгледа да работиш во индустрија на чии класери некоја баба одамна има напишано „не е тоа за девојче”.

16 јули 2018 - 13:39