Прво одиме со интро: Lipslut е бренд на Кејти Соунс и се бори со социо-политички неправди.
Во март минатата година, Соунс го извади првиот мат, розев кармин што се вика F*ck Trump и цената му е 19.95 долари. Од тогаш, собрани се над 100.000 долари од продажба на истиот тој кармин и се донираат во организации кои се против недамнешната имиграциска политика на Трамп, заради која деца се одвојуваа од нивните семејства на граница.
Не само што го купуваат заради идеологијата, карминот добива неверојатни критики и постојано се нарачува. За Refinery29, Соунс изјавува дека кампањата е успешна затоа што луѓето се вознемирени од новата политика. Претходниот рекорд им бил 40.000 долари. И продолжуваат понатаму.
Нас еден кармин не нè пере. Ќе треба мејкап-империја да основаме за да ги покриеме сите глупи политики од ’90-ти па наваму.
На пример, маскара на која со декоративни букви ќе пишува:
*рандом министер за култура* иди у пичку материну.
Или сјај *рандом пратеник* кој те ебе.
Виткач за трепки Парите да ги вратите.
Замислете ги сите тие убави шарени амбалажи со одлична шминка и со плеснати кирилични етикети.
Звучи возбудливо, нели? Какви се јаки имиња можат да се смислат, просто човек да се затрча до Централен регистар.