Прв пат се појави додека со Диор владееше Галијано, и беше стејтмент парче во тие години, нешто како денес Левис маичка, само веројатно не толку масовно раширена. И да, дури и Парис Хилтон ја носеше, само што не можевме да забележиме од тие шљаштави розеви тренерки.
Марија Грација Киури, уметнички директор на Диор во моментов, вели: „Ова го сметам за икона на поновата историја на Диор и совршен додаток за справување со секојдневниот живот.”
Направена е од телешка кожа, ќе има нови бои и нови украси, како на пример монистра и пришиени цветови. Копчето со C и D се уште стои, но сега целата ташна ќе биде малку поголема и автоматски попрактична.
Цените почнуваат од 2350 долари за „основен модел” па нагоре.
А што мора да идеме на одмор.