
Истражувањето кое доаѓа од една програма на Универзитетот во Сан Диего и трае од 2007-ма, открива и дека жените имаат поголема тенденција да оценуваат филмови од и со жени и да спомнуваат имиња на режисерки.
Д-р Марта Лаузен која го води проектот изјавува: „Ваквиот дисбаланс во однос на полот е важен затоа што влијае на видливоста на филмовите со женски протагонисти и од женски режисери, како и на природата на критиките.” Податоците на Лаузен доаѓаат од 4111 критики напишани од 241 човек, за печатени медиуми, на телевизија и радио или онлајн минатава пролет. Се забележува и дека од тие 32% жени меѓу критичарите, 83% се бели (слично и кај мажите).
Во една колумна, Д-р Лаузен пишува:
„Процентот на жени кои работат во филмската индустрија сè уште не пораснал значајно. Всушност, соодносот на лица кои работат зад камерата во 2017-та е ист како пред дваесет години.”
Океј, чекаме резултати од #MeToo и #TimesUp, ама ќе почекаме изгледа.