Карши овие, седат тие поопасните, поосвестените, со циничен пристап кон животот. Розево не, млеко во кафе не, книги само загадочни и сериозни, филмови само од Џармуш, хорори само венерични. Наместо Париз, сечат вени по Берлин, наместо селфиња објавуваат бруталистичка архитектура, а свеќи палат само кога нема струја, или за да соберат чад од цигари.
Разликата е што првите си бркаат работа. Вторите иако се гордеат дека се најиндивидуалци-на-свет-да-поиндивидуалци-нема што си бркаат работа - се бават со првите. И ние останатите еднакво мора да бидеме информирани и за нивниот стил на живот.
Освестувачкото прашање е, што има толку лошо во basic? Дека сакаат да им биде вкусно кафето? Дека мотивирачки пораки во ракописен фонт преку слика од Одри Хепберн им прават да им биде убаво? Дека сакаат да имаат сладок Инстаграм фид, убав за гледање?



Еспресо е врв, ама сте пробале ли gingerbread latte во декември?
Е, така.