„Многу често се сликам со мојот Ајфон. Од слики од блиску, до аутфит во огледало, па декорирани прсти и раце, па и ако сум имала среќа да излезам надвор, и тој аутфит што стигнал на отворено е документиран. Често ги ставам овие слики на Инстаграм. Во последно време го правам тоа прилично манијакално. Велам „манијакално” затоа што еве, имате една жена, осум недели по породувањето, што се облекува секој ден, а не оди никаде - единствено со намера да ги објави нејзините алишта на апликација за споделување фотографии. (Иако, да бидам искрена, супер ми е да излезам од пижами, дури и кога не планирам да излегувам од нив.)
На некои ова им изгледа ненормално: Немам и болки по породувањето? Нели ме променило мајчинството? Зошто толку брзо ме собира старата облека? Но одговорите на овие прашања се неважни затоа што се симптоматични за едно поголемо прашање: Што сум запнала да објавувам селфиња толку?
Никогаш не мислев на тоа колку често се споделувам себеси визуелно пред да станам мајка. Знаев дека имаше врска со потребата да допрам до луѓето, но станав посвесна за оваа навика затоа што во последните два месеци, забележав зголемен број на негативни коментари под моите слики.
„Остави го телефонот и оди кај бебињата,” ќе ми речат. „Ова ми е грдо.” „Постираш само за да се фалиш за телото?” „Повик за внимание.” „Морам да те отследам.” И така натаму.
Кој како сака - коментирајте што сакате! Но овој растечки тренд ми предизвика внатрешен конфликт за мојот однос кон селфиња - и моите и туѓите во кои уживам. Од една страна, многу сакам да ги гледам. Ги сметам дигитализираните автопортрети за искрени и сирови, дури и кога не се. Раскажуваат приказна што е или сосема буквална или бара малку истражување — и бара гледачот да погледне малку подлабоко под екранот. Селфито бара храброст. Бара да се покажеш себеси, во средина која јавно ја напаѓа суетата, а потајно ја чува во себе. А ако не храброст, тогаш селфито бара чувство на задоволство со самиот себе: Се гордеам со мојот изглед и еве слика за доказ. Не мора ни гордост: Вака изгледам и го споделувам тоа. Кога некој ќе стави, како што знам да го наречам - декоративно фацијално селфи, се прашувам, кои се тие очила? Ланчето? Менѓушите? Ти си сон! Не само што сакам да гледам селфиња, луда сум по нив.
Сепак, ми се чини дека има едно чувство на самосвесност кога сме кај контролата што ја имаме врз тоа што покажуваме и како го покажуваме тоа. Ги правиме овие портрети за прецизно да одразиме што сакаме да кажат и тоа може да биде многу разоткривачко.
Лесно е да го наречам селфито „нешто што го правам за работа”, можеби како начин да се утешам и тоа веројатно ќе изгледа по-океј. Но веројатно ќе постирам и да имам 600.000 и 6 следачи. Како прашањето со кокошката и јајцето: Што е прво? Селфињата или следачите?
Јас би рекла првото, и тоа е откритие кое ми ја изразува суетата.
И можеби баш ова им пречи на многу луѓе. Има одредени очекувања кога ќе станеш мајка, од кои најмалото е новопронајденото чувство на несебичност кое би требало да ти го пресече егото на половина. Ова можеби е и една од најсилните причини што толку сакав да станам мајка пред конечно да забременам. Но сега кога сум на другата страна и научив дека ние (мајките) се адаптираме, но не се менуваме баш, имам конфликт. Благодарна сум што сум овде, но интересно е што барам и нова причина за страдање - само за луѓето да имаат со што да се поистоветуваат.
Тоа ме носи до крајната поента, предизвикана од мисла која ми дојде минатата недела додека плачев бидејќи децата ми вриштеа и одбиваа да се напијат мајчино млеко од фрижидер. „Како да го споделам ова?” си помислив, како да е мака или несебичен дисклејмер за да се оправда остатокот од мојот блескав Инстаграм профил.
Сега кога сум повторно во фина позиција и го имам тоа што го сакав - имање деца наспроти немање, породена наспроти во обид да зачнам - се прашувам дали луѓето им е поудобно да ги објават нивните негативни мислења. Да ме ругаат наместо да ме тешат. Ако е ова така, ако барам причини јавно да страдам, дали некој друг го прави истото? Дали се условуваме да ги испитаме нашите услови и да најдеме проблеми и дупки, да ги игнорираме добрите нешта, да ги осветлиме лошите и да го сублимираме доброто, за да можат полесно да нè прифатат, а со тоа и да не засакаат на социјалните мрежи? Дали стануваме зависни од вниманието што се привлекува со тоа?
Знам дека ме сметаат за јавна личност и дека со тоа доаѓаат и критики, но селфињата сепак призвлекуваат разнолик панел на емоции: радост, сожалување, удобност, завист. Тие се невербален дијалог меѓу креаторот и конзументот и тој дијалог е понекогаш причината за објавување. Но дали овој разговор е во корист, дали го романтизира човекот што се мачи? Мене изгледа ми беше во корист додека бев на помрачно место. И ако е така, кои се последиците на оваа реалност? Што ќе се случи, на пример, ако една млада жена која се оформува, која навистина се сака себеси, смета дека за да добие пријатна или плитка валидација, мора да најде нешто што не е во ред со нејзе и одлучи дека тоа ќе го прикаже, пред да ги прикаже своите силни страни? Како тоа ќе го промени нејзиниот внатрешен дијалог? И начинот на кој се претставува пред светот?”