
Во светот на луксузот, каде што сè некогаш мораше да блеска, денес најпосакуваниот моден симбол е излитена, изгребана и збрчкана чанта.
И ништо од ова не е случајно.
На ревијата за пролет 2026, новиот креативен директор на Шанел, Матју Блази, ја опушти малку строгата естетика на брендот: фустаните беа лабави, линиите - природни, а ташните намерно згмечени. Некои ташни добија и жица по рабовите за да изгледа како да се користени со години, како омилена ташна што ја фрлаш на седиште во автомобил или ја притискаш во преполн куфер. И Прада одамна ја следи оваа логика на „совршена несовршеност“. Нивните класични модели се појавија со намерно затемнети рабови и излижана кожа, божем со години користени.
Трендот, кој на прв поглед изгледа како иронија кон гламурот, всушност е дијалог меѓу модната и културната промена: денес, вистинскиот луксуз не е ново и сјајно, туку видливиот животен пат на предметот.
Никој не го симболизира овој феномен подобро од самата Џејн Биркин, чија легендарна чанта, таква истрошена, со дамки и гребаници, се продаде за над 10 милиони долари.

Одеднаш, не мора да се тепаме за што е можно побеспрекорно дизајнерско парче во продавници за користена облека. Слободно земајте го најутепаното.
Инаку, купувањето половни чанти стана не само финансиски поповолно, туку си и модно и еколошки просветлен ако си ентузијаст. Луксузот е сега подемократски - не е важно дали е ново или старо, туку дали има приказна, што веројатно е и еден од поубавите и подлабоките трендови на новото време.
Ако живеењето на работите може да се нарече тренд.