
Значи, во еден бизарен пресврт, а се разбира со помош на ТикТок, во моментов живееме во ера во која подочњаци се „ин“.
Во светот на убавината, истиот и што ни шиткаше креми за околу очи од 100 евра, сега се слават темните кругови и отоците како автентичност.
Тоа би значело дека вашиот умор, недоспиеност и што друго ве прави утепани е шик.
@eliseperry29 #lowerbleph #undereyebags #fyp #leaseydoux #kristenstewart ♬ cigarette burns - slowed reverb - moonvampire
За пример се користат актерки како Леа Сејду и Кристен Стјуарт, естетиката се граничи со „француската“, а трендот како одговор е насочен кон бескорисните козметички производи што ветуваат дека се блефаропластика во туба. Го сметаат за тивок бунт и колективно издишување, откако со години ни се продава фантазијата за „свежата жена што сѐ постигнува“.
Затоа што реалноста на женското искуство е кога се утепуваш од работа, за да можеш да си дозволиш да уживаш, или кога имаш бебе што го обожаваш ама те остава без сон. И ако сега тоа станува тренд, тогаш - добредошол. Малку одмор од „бришење пори“, „криење подочњаци“ и „ништење брчки“ на сите ќе ни дојде добро.