Mr. Big донираше за кампањата на Миранда

Или, ако сме посериозни, после Сара Џесика Паркер и Кристин Дејвис (Шарлот од „Сексот и градот”) за кампањата на Синтија Никсон донираше и Крис Нот, или Mr. Big, или како што се преведува кај нас „Sверката”.

Њујорк Дејли Њуз известува дека Нот донирал 2500 долари, што во однос на донациите што влегуваат кај нашиве локални партии може да ви изгледа баш малку, ама момент: освен него, за кампањата донира Алек Болдвин со 16.000 долари, па Сузан Сарандон и Лина Данам по 10.000 и Дебра Месинг 500 долари. Со последнава донација, нашиве ќе идат на пијачка.

Во секој случај, медиумите ширум светот каде што има барем еден посветен фан на „Сексот и градот” бескрајно се забавуваат со насловите и мешањето на ликовите со реалниот живот.

Откако ја објави кампањата во март, Никсон собра преку 1.6 милиони долари од холивудски фаци.

Што се однесува до останатите колеги од серијата, донации има од Дејвид Ајгенберг (Стив, сопругот на Миранда) и Лин Коен (Магда, што ѝ го чуваше бебето на Миранда).

Си се дружат бе.

18 јули 2018 - 14:33