Крокс на штикла

Од Крокс решија дека светот не бил доволно поделен низ историјата и дека сега ќе ја направат најјезивата поделба - на луѓе што ќе носат и луѓе што нема да носат - крокс на штикла.

Не е дека немаше предупредувања за вакви сомнителни трендови со залет. Дури и Баленсијага се качи на истиот воз и реши да му го фрли грдото на светот во фаца, ама ние глупи, мислевме дека тука некаде ќе запре. На украсување и на качување на платформа.

Ви текнува? Дури и радосно изјавуваа дека во иднина сами ќе можеме да си ги испринтаме со 3Д принтер, дека едвај чекавме да принтаме крокс:

И ќе си речеш океј, до овде, па ќе им помине.

Како гадно се излажавме:

Ги има на Амазон, за 80 долари и просто човек да се порадува што во моментов Амазон нерадо испорачува до Македонија. Којзнае што ќе нè најдеше.

Додека чекаме да ги повлечат од продажба, барем забавно ќе биде да се размислува која личност од вашиот живот што не ја поднесувате личи како да ќе го облече ова.

16 јули 2018 - 10:41