Би ви рекле пазете како се ракувате, ама џабе

Една жена тужела дека откако агентот за недвижнини, кој ѝ покажал некој имот во Сиднеј, толку силно ѝ ја стиснал раката за поздрав, што ѝ нанел тешки повреди и сакала тоа да биде категоризирано како „насилство”.

Лонг стори шорт, властите заклучиле дека не е жртва на никакво насилство и дека не ѝ следува советување или финансиски грантови. Ама самиот случај е толку јак, што мора да се расчлени.

„Не сметам дека агентот извршил злосторство со тоа што се ракувал со тужителката цврсто или на некој друг агресивен начин,” заклучува Џон Ентони, постар член на граѓанскиот и административен трибунал на Нов Јужен Велс.

Објаснувањето на агентот дека се ракувал со жената за да се поздрави било прифатено.

Сега доаѓа јакото:

Според „жртвата”, левата рака и отекла и имала силни болки НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ. Па ребра ќе ти заздрават за неколку месеци. Била на доктор, била НА ФИЗИОТЕРАПИЈА и инцидентот го пријавила во полиција во август, 2017-та.

Сепак, сведочела дека полицискиот извештај бил неточен и одрекла дека „вриштела и се дерела колку што ја држи гласот додека се случувало РАКУВАЊЕТО. Одрекла и дека се онесвестила на лице место и дека викнале БРЗА ПОМОШ.

Плус, се лутела дека полицијата нема право да коментира дали таа имала психички проблеми.

Во одлуката, Ентони прави осврт и на нејзините докази дека агентот „ја стискал се посилно и посилно, додека таа во себе се молела да престане.”

Значи, !

Тогаш не побарала медицинска помош, но сепак си ја завиткала раката со завој и си ја сликала за да ја покаже на суд.

Тој додава, дека „Полицискиот извештај не поддржува никакво насилство од намерен тип или од негрижа што би можело да се класифицира како напад.”

Некои луѓе се толку забавни.

18 јули 2018 - 13:30