Како се заработуваат 5 милиони долари за 5 минути?

Лесно. Се бива Ким Кардашијан.

Во случај да не сте виделе, Ким Кардашијан на мултимилионскиот бизнис додаде парфеми, а последните се Кимоџи колекција - Cherry, Vibes, и Peach, кои според описот на состојките дури и те тераат да се заинтересираш. Во вторникот ги пуштија во продажба и заработката е 5 милиони долари во првите 5 минути. Значи милион на минута.

Што правевте вие во вторникот, иначе?

А ќе им се најдат парите, не дека не. Особено што јавноста што ги следи е во чудо зошто некој од бизнис тимот на семејството не лета од работа, со оглед на тоа што добиваат уште една тужба, овој пат за користење на заштитено лого на друга компанија, и тоа баш за колекцијава парфеми.

Фирмата што (веројатно воодушевено) тужи е Vibes Media, според која, „Ким Кардашијан Вест рекламира, промовира и сега продава Vibes парфем, кој доаѓа во шише кое многу личи на регистрираното лого на Vibes.” Не бараат многу: да се уништи колекцијата и да им исплатат оштета.

А зошто да лета некој од работа?

Затоа што не е ни прва, ни втора бизнис глупост од таа фамилија. А ни трета.

19 јули 2018 - 12:06