После маиците со рапери за кои што никој не им објасни дека е потребна дозвола, и после правните голготи, дали овие две млади девојчиња во зачетокот на своите блескави кариери поднаучија нешто? Дали нивните менаџери, ПР-експерти и маркетинг екипи се свестија дека и да не е така страшно, ако се потпишат они, ќе стане 10 пати пострашно?
Се разбира дека не.
Затоа што сега имаат некоја нова колекција каде што се наоѓа следното:
Се разбира дека јавноста, гладна за прашања кои допираат до присвојување туѓи култури (меѓу кои често има и такви кои тотално тоа не се) се избезуми и тргна да ги брани Кинезите кои овој пат беа обесправени од страна на тинејџерскиве магнати.
Oh for fucks sake😑
— antonia (@antoniamg2010) September 13, 2017
Мистеријата не е дали они две имаат памет. Мистеријата е кој е тој маркетинг тим што дозволува вакви работи - просто е за неверување дека се толку глупи, па да речеме дека играат на карта дека секој публицитет е добар. Или па, девојкиве во големото семејство на нивни брендови ќе го додадат и брендот на праење глуп?
Каде што „праење глуп” е дефиниција за „чекај, ќе поигнорираме малку колку е западот душебрижнички настроен, па ќе правиме колекции на облека и додатоци кои се и без тоа глупи”.
И уште една мистерија: што па стварно толку мерак за нешто што нема ич никаква врска со тебе?