Не можеш да го ставиш Тупак на маица без прашање и да не добиеш тужба

Мајкл Милер е фотографот што стои зад двете спорни слики од Тупак Шакур што Кајли и Кендал Џенер без да се потрудат да прашаат ги искористија за нова колекција грди маици.

Девојките мислеа дека ќе поминат само со предупредување и ругање од засегнатите личности, ја повлекоа цела колекција, го прекинаа производството и објавија извинување. Им се натнаа и Шерон Озборн (има маица со Ози) и мајка му на Биги Смолс (и со него има), а Дорс се заканија со тужба. И таман се заборави драмата, се најде фотографот на Тупак, кој освен што има работено на тие фотографии, во CV има соработки со најславните манекенки од '90-ти, и насловни за албуми од сите жанрови, од Тупак, до Ник Кејв, до Херб Алберт.

Според жалбата, Милер наведува дека телевизиските ѕвезди „бесправно искористиле“ две фотографии заштитени со авторски права. За него, асоцијацијата со овие интернет и реалити личности, познати по прикажувањето на своите богатства на социјалните мрежи – особено Кендал – е особено проблематична, со оглед на тоа што таа беше учесник во не една, туку две од најлошите ПР-катастрофи во последно време. Ова се однесува на рекламата за Пепси и промоцијата на Fyre фестивалот.

За Пепси веројатно си знаете, а Fyre беше фестивал промовиран божем е Коучела, а повеќе личеше на Автокамп Крани.

Според советникот на Мајкл Милер, „Уметничките дела на г-н Милер му се многу важни. Кога некој ја експлоатира неговата работа без воопшто да му каже, а не па да побара областување, не ја оштетува само вредноста на неговата работа туку и можноста да заработува како уметник.“

10 јули 2017 - 11:38