Креми, спрејови за лице, масла и серуми - ставајте во фрижидер

Замисли да станеш од жешко (а знаеме како е кога ќе станеш од жешко), миеш лице и ставаш нешто фино и ладно, па уште и што се бори против брчки. Продадено?

Работата е што сè повеќе луѓе кои смеат да си дозволат да кажат - кажуваат, дека е паметно да се чува козметиката во фрижидер. Одамна веќе се шета советот за моливите за очи, од проста причина што нема да се распаѓаат кога ги нанесуваш, а вчера пишувавме и за опцијата парфемите да се чуваат во фрижидер ако сакаме подолго да траат.

Сега зборуваме за козметика за нега на лице, и не само што драматично ќе ви се подобри жешкото сабајле ако ги чувате во фрижидер, туку и самите (барем повеќето) производи повеќе сакаат таму. Заради свежина, состојки и трајност.

Претставникот на Drunk Elephant, линија за нега на кожа, иако тврди дека нема потреба нивните производи да се чуваат во фрижидер, сепак вели дека не е лошо да бидат таму после првото отварање, затоа што така се помага во оддржување на антиоксидативната активност и ефективност.

Никол Дарманин, претставник на една друга линија, Марио Бадеску, предупредува дека треба да бидеме сигурни дека чувањето во фрижидер е добро за производот. Како одредена храна што се остава на собна температура, а друга во фрижидер, така и со козметика. Сепак, додава и дека спрејовите за лице на Бадеску одлично функционираат и ладни.

Сега за сега ни пола аргумент нема за да ги оставите сите шишенца во топло купатило.

Правец кујна, а фала на The Cut ќе им кажеме утре сабајле кога ладен серум околу очи ќе нè разбуди подобро од шест кафиња.

24 јули 2018 - 12:27