Прво Јохансон пушти една пасив-агресив изјава, нешто од типот „што не ги закачате малце Џефри Тамбор, Џаред Лето и Фелисити Хофман” (сите глумеа трансџендери), иако Тамбор, без разлика што е проблематичен, го искористи неговиот говор на Еми наградите во 2016-та да го искара Холивуд што не вработува повеќе транс актери.
Сега има нова изјава, поосвестена за „бесчувствителноста на кастингот” што оди вака:
„Во контекст на најновите етички прашања кои произлегоа од мојот ангажман како Данте Текс Гил, решив да го повлечам моето учество од проектот. Нашето културно разбирање на трансродовите луѓе продолжува да напредува и научив многу од таа заедница откако ја дадов првата изјава и сфатив дека е неприкладна. Им се восхитувам на овие луѓе и ја сакам транс заедницата и благодарна сум што дискусијата за инклузивност во Холивуд продолжува.”
Меѓу најсериозните критичари се најде Трејс Лисет, која како реакција за кастингот напиша: „Значи вие можете да нè глумите нас, но ние не можеме вас? Холивуд е толку заебан… Не би била толку вознемирена да бев на исто со Џенифер Лоренс и Скарлет за цис улоги, но знаеме дека не е така. Хаос.”
Инаку, скоро имавме нешто на поврзана тема. Баш да те натера да се замислиш: