
Во 2006-та, Дав беше на мисија да му ја покаже на светот „вистинската убавина”. Како дел од една долга кампања која требаше на жените да им помогне да се чувствуваат поудобно во сопствената кожа, направија реклама и покажаа колку работа е да се трансформира една жена во манекенка. На фотосесија, обично лице го покриваат со шминка, косата ја виткаат во совршени локни и уште некои ситници, а забавниот дел е кога после тоа ја средуваат на фотошоп до совршенство. Вратот ѝ го издолжуваат, ѝ го слабеат лицето и ги зголемуваат очите. Завршува со заклучокот „не е ни чудо што перцепцијата за убавина ни е изместена.”
Рекламата стана вирална. Во тоа време, потрошувачите допрва се учеа колку многу ретуширање има на сликите што ги гледаат секојдневно. Актерки како Кејт Винслет, на пример, јавно ги прозиваа списанијата за претерано мешање во фотографиите, жените по улици протестираа за утнатиот Фотошоп на Ралф Лорен, а Џезебел објавуваше непипнати фотографии од Фејт Хил за да докаже дека списанијата лажат. И децении подоцна, сите корпорации се научија дека е паметно да тргнат по патот на Дав и да ангажираат „вистински” жени во кампањите, притоа гордо тврдејќи дека не користат Фотошоп. И после такви скандали, човек би помислил дека Фотошоп во врска со женска убавина ќе ќе изгуби на популарност, но не.

На сцена влегува Celebface, со нивното био на Инстаграм „Добредојдовте во реалноста” и „Ако не сакате да ја видите иднината, напуштете ја странава.” Има половина милион следачи и таму може да се најде детално, речиси опсесивно сецирање на сите начини на кои се конструираат телата на славните во сите медиуми. Се зумираат слики од црвени теписи да покажат растурена или малтер-шминка, се прикажуваат слики од манекенки и актерки без и со шминка, за да се истакне колку многу производи ги покриваат. И поради тоа што хируршките и нехируршките зафати за разубавување станаа толку популарни и достапни, често не се препознава личноста од ‘пред’ до ‘потоа’.

Она што е поинтересно од анализите на Celebface кој измазнувал брчки, а кој ставал филери е опсесијата со документирање на тоа како славните личности ги менуваат и местат сопствените фотографиии, често со гифови што покажуваат точно што е изменето во фотографијата.
И баш ова реално прикажување на тела што никогаш не биле и никогаш нема да бидат такви какви што некој сака да ја убеди јавноста, е причината што стигаат до 500.000 следачи. „Вашиов профил ми помага да се чувствувам многу подобро во врска со реалноста наспроти медиумите,” пишува во еден коментар.
А не запираат само кај славни по дефиницијата што ја знаевме до пред некоја година. Пердашат и по т.н. Инстаграм модели, инфлуенсери и влогери, односно луѓет чија работа е да водат инстаграмливи животи. Celebface не само што ги закача за пластична хирургија и Фотошоп, туку покажува и колку драстични разлики има од нивните тела сликани за Инстаграм (со позирање, светло, апликации за едитирање и слично) и реалноста (каде што светлото е многу често срање).

И се разбира, на сите ни е јасно дека разни Кардашијани, Бијонсиња и Хадиди работат на себе, не само дигитално, туку и со специјални режими на исхрана и вежбање, со екипа стилисти зад себе или пластики. Но, Celebface потсетува дека и оние што се божем пообични, на нивните профили ни покажуваат тела што едноставно не постојат - и никогаш нема да ги има во реалниот свет.
Со тоа што, мора ли па да не потсетува?
На темава, еден коментар на оригиналната статија држи вода:
„Мизогинија како јачање. Има еден женомразечка нишка на сите вакви профили. Ако некоја актерка објави слика 'пред' и 'потоа' во ред, но ваквите профили како да сакаат да кажат 'видете, всушност е грда! всушност е дебела!' Тоа не треба да ни доаѓа фино, треба да ни биде мачно што светот е таков.
А и не мора да зумираат малолетници како Мили Боби Браун, грозно.
Да додадам: колку примери ни требаат? Не беше доволно со Фејт Хил? Не можеме тоа еднаш годишно да го репостнеме? Зошто секогаш кога убава жена поминала низ фотошоп за да биде уште поубава, ние мора да го покажуваме тоа? Мене ми е тоа мизогинија.”