Мора ли до толку да се трпи за убавина?

За пластични чизми и штикли е муабетот. Тоа така фино изгледа на Инстаграм и по модни магазини, така топло потсетува на вечно посакуваните стаклени чевлички на Пепелашка, и истовремено така брзо тргнува наопачки кога ќе го навлечеш на себе, што си бара посебна онлајн архива со наслов „проблеми со ПВЦ”.

А бе, се замаглуваат од топло! Такви со магла ги носиш на 45 степени, дури и кога фабрички имаат едно ентузијастично дупче за луфтирање. А најпопуларните имиња на денешницата не им простуваат, ги купуваат и ги м’кнат, а ретко кога изгледаат добро пет минути откако ќе си ги осудиш стапалата на нив.

Нели таа влага и топлина предизвикува цели екосистеми да се развијат во толку мал простор, толку блиску до кожата?

Еве, интересни се:

Па после, престануваат да бидат интересни:

И дека не се интересни се согласуваат и доктори - опасноста од носење пластични чевли постои, плус може и да е буквално - жива. Еден ортопед, Д-р Рок Поситано, од една њујоршка ортопедска ординација објаснува дека тоа што ногата не може да дише во нив е штетен фактор. „Самото стапало, без чорапа, облечено во било што, не само пластика, претставува плодна почва за бактерии и габи. Влажно е, темно и топло,” вели тој. „Комбинацијата на овие три услови го прават опасно место.”

Уште една причина против е што пластичните чевли се толку ригидни: „Со пластика немате флексибилност. Тешки се за носење. Стапалата природно отекуваат попладне, па знаат да се зголемат и за два броја, а пластичните чевли не се шират заедно со ногата,” објаснува тој. Плус, и самиот ѓон е направен од пластика, па не амортизира доволно со тоа што предизвикува болка во зглобови, колена и грб. „Ако ги носите во погрешни услови, тогаш ќе си направите огромен проблем.”

Ако сте уште запнати за ова ПВЦ, тогаш вака: Фини се за сликање, или за на некоја пијачка, ако одите со кола, не се баш за танцување или за лутање по град. И без разлика што „не прават така на Инстаграм”, пробајте барем со шарена чорапа?

6 август 2018 - 10:54