Адвокат за развод да ви каже

Има многу да се учи за бракот од луѓе чија работа е да ги поправаат проблемите во него: Советници за парови, психолози, психијатри, свештеници… А може да се научи и од луѓето што после собираат, ако првиве не успеат: адвокати за развод.

Ендру Вон е адвокат кој десет години се бави со пропаднати бракови во Чикаго и наведува пет најчести причини за развод.

Не барате помош (терапија) за справување со бес или депресија

Тоа што луѓето често одбиваат да побараат помош за проблем со менталното здравје е често причината што Вон има од што да живее. Според него, мажите често се мачат со ова, затоа што се тврдоглави околу барањето помош - под притисок се да бидат поцврсти, под паролата „ништо не ми е”. Ова е проблем, плус проблем е стигмата околу менталното здравје. Во ред е да се побара помош од психолог, колку и да ти е глупо.

Одбивате помош за лечење од зависности

Исто како и кога ракувате со тешка машинерија, кога ракувате со брак ич не ви е паметно да мешате дрога или алкохол. „Често ни доаѓаат луѓе кои тврдат дека ги сакаат своите партнери, но заради пиењето не можат да поработат на бракот или децата се во опасност. Ако е ваква работата, ви треба помош.” 

Фрустрации околу пари

Недостатокот на пари е сам по себе проблем, но може да ескалира ако доведе до нарушување на менталното здравје или злоупотреба на дрога. „Дали заради општеството, или личен притисок, мажите очекуваат тие да обезбедат доволно за семејството.” Ваквото убедување во денешно време е глупо, но не значи дека не постои. И често, според Вон, немањето можност да го исполнат тој критериум е работа со која што не знаат да се снајдат. А тешко е, затоа што секоја расправија изгледа како расправија за пари, а често не е само тоа проблемот.

Неверство

Ќе се напијат, ќе направат нешто глупаво и веќе е предоцна. „Ако партнерот очекува моногамна врска, а вие не можете да го понудите тоа, тогаш треба да седнете и да дискутирате дали е бракот за вас,” вели Вон. Накратко, а не сте човек за една жена, тогаш кажете. Ако се очекува од вас да бидете само со брачниот партнер (а сакате да останете во брак), нека биде така.”

Одбивање брачни советувалишта

„Би се шокирале колку може да биде успешна терапијата за парови,” вели Вон. Еднаш спасил 25-годишен брак, само затоа што терал еден пар да одат на советување. „Не е готово додека не сте спремни да разговарате со професионалци и да работите на подобрување. Додавање на трета личност во собата навистина ги олеснува работите.” Со ова сме некако назад со материјалот. А не значи дека не треба да надокнадиме.

13 август 2018 - 12:17