Руби Роуз ќе биде Бетвоман

Романтичната идеја е дека Бетвоман е создадена во 1956-та затоа што на Диси Комикс им фалеле женски херои наспроти домаќинките налик на Дорис Деј.

Реалноста е дека јавноста се повеќе мислела дека Бетмен и Робин се љубовници, и дека тоа негативно ќе влијае на децата што ги читаат стриповите. Тоа влијаело негативно на бизнисот, па го создале ликот Бетвоман, за Бетмен да го ојача неговиот хетеросексуален кредибилитет.

Интересното е што во 2006-та излезе дека е лезбејка. Уште поинтересно е што веќе е потврдено дека лезбејка ќе ја глуми во филм.

На социјалните мрежи Роуз пиша:

„Ова ми е сон од детството. Ваква работа да видев на телевизија кога бев млад член на ЛГБТ ќе умрев, затоа што никогаш не бев доволно добро претставена на телевизија и се чувствував сама и поинаква.”

Не е далеку од вистината, со оглед на тоа што на телевизија лезбејките никогаш не биле доволно достојно претставени. Додека Роуз растела, или биле бизарни (Френдс), агресивни (Сексот и градот) или осудени на смрт (Тара во Бафи, убиецот на вампири, што ние никогаш не ја загледавме). Ништо поразлично не ги третираше ни филмската индустрија, дури ни во Сина е најтоплата боја, кој повеќето (машки) критичари го ценат како прекрасен омаж на лезбејството, а содржи непотребно објективизирачки секс-сцени, за кои, долго пред #MeToo актерките тврдеа дека се експлоатирани.

Плус, Холивуд често ангажира актери да играат малцинства од кои не се дел: стрејт глумат геј, здрави луѓе глумат хендикепирани, цис луѓе глумат транс и така натаму. Ова во последно време многу боде очи, и неодамна Скарлет Јохансон дури и се откажа од улогата на трансродов маж.

Затоа и изгледа дека некој конечно научи што сакаат луѓето и за лик-лезбејка најде глумица-лезбејка.

Супер, све?

Не.

Има еден аргумент, дека Роуз е ангажирана само затоа што е доволно атрактивна за да привлече машки фанови.

Значи, проблем им е таму на луѓето што живеат на интернет, што е атрактивна и истовремено лезбејка, за да се задоволат сите страни.

Затоа што, ако се задоволат сите страни на светот, зошто ни е Твитер?

Сепак, освежувачки е тоа што, наспроти уште поглупиот аргумент што се движи низ социјалните мрежи - дека лезбејките не заслужуваат големи улоги - се провлекува уште еден, многу пораат, и многу поветувачки:

На никој не му е гајле дали Бетвоман е лезбејка, сè додека филмот е добар.

10 август 2018 - 15:42