Асиа Арџенто да не мава многу со камења

Кој од вас е без обвинувања за сексуален напад и вонсудска спогодба за ќутење за истиот, нека го фрли првиот камен.

Италијанската актерка и режисерка, Асиа Арџенто беше меѓу првите што побрзаа да се качат на возот полн нападнати од Харви Вајнстин, и тоа не баш со наивна изјава - овде пишувавме за нејзината комплицирана приказна што според нејзе вклучува и силување, и истовремено повлекува многу, многу прашања од читателот. Но, библијата вели, „кој е без грев, нека го фрли првиот камен”, а негде во фус-ноти може и да пишува „кој бил обвинет за силување и притоа не го решил тоа најсреќно, да пази кога јавно истапува со приказни со малце дупки во нив, не викаме дека лаже, ама секако нека пази.” Ако не го пишува во библијата, тогаш мора некако, некаде да го напишеме. На пример тука.

Имено, сега се дознава дека месеци откако го обвини Вајнстин за силување и стана една од водечките фигури на #MeToo движењето, Арџенто тивко платила 380.000 долари за да ќути дечкото што нејзе ја обвинил, замислете, за сексуален напад: Џими Бенет, еден млад актер и музичар тврди дека години претходно сексуално го нападнала во еден калифорниски хотел, само што наполнил седумнаесет години. Тогаш таа имала 37, а легалната возраст во Калифорнија е 18.

За ова има документи потпишани од адвокати на двајцата, внатре ги има сите исплати и деталите за тоа што наводно се случило меѓу Арџенто и Бенет (кој го има запознаено кога глумел нејзин син на филм, на седумгодишна возраст).

Неблагодарно е да се држи страна, но сите документи безобразно се испратени до Њујорк Тајмс, па ќе видиме што има таму.

Меѓу нив им а селфи со датум 9-ти мај, 2013-та, од нив двајца во кревет. Како дел од договорот, Бенет, кој сега има 22 години и дал авторски права на фотографијата на Арџенто, која сега има 42. Тројца луѓе запознаени со случајот, велат дека документите се автентични.

Изјави од нив двајца нема, а од интересното, има едно писмо до Арџенто од нејзината адвокатка во кое исплатените средства се нарекуваат „помош за г-н Бенет,” плус обраќање:

„Се надеваме дека друг пат нема да ти се случи нешто вакво. Ти си моќен и инспиративен креатор и мизерно е што живееш меѓу срање луѓе што ги искористуваат твоите слабости и силни страни.”

Од друга страна, Џими Бенет не би се согласил. Според неговиот крај од приказната, исходот од тој „сексуален напад” бил толку сложен, што го спречувал да работи и да заработува, нарушувајќи го неговото ментално здравје.

Побарал 3.5 милиони долари оштета поради нанаесен стрес, изгубени средства и напад. Пред кобната средба со Арџенто, Бенет заработувал 2,7 милиони долари годишно, но од тогаш приходите му се симнале на 60.000 годишно, и неговите претставници тврдат дека тоа е од трауми.

Според неговиот адвокат, на Бенет му се стемнило кога Арџенто се претставила како жртва на сексуален напад и го потсетило на трауматичните настани од хотелската соба. Претходно му била како мајчинска фигура и ментор.

После соработката на филм, на 9-ти мај, 2013-та, се нашле повторно во Риц-Карлтон во Калифорнија, и пред да се сретнат, таа на Инстаграм објавува: „Го чекам мојот изгубен син, мојата љубов Џими Бенет и пушам цигари како да нема утре.”

Бенет одговара: „Идам! :)”

Во хотелот го донеле заедно со член на семејството, според документите. По некое време, Арџенто го замолила тој член на семејството да ги остави сами. На Бенет му дала алкохол, па му покажала неколку пораки што му ги напишала. Потоа го бакнувала, го турнала на креветот и преминала на орален секс, па се качила врз него и имале однос. Потоа побарала од него да направи повеќе фотографии.

Подоцна истиот ден објавила слика од нив двајца на Инстаграм и напишала „Најсреќниот ден од мојот живот, повторна средба со Џими Бенет,” и додава дека Џими ќе глуми во нејзиниот следен филм. Оваа слика ја има во испратените документи, заедно со уште три, каде што ги има нив голи до половина во кревет.

 

Happiest day of my life reunion with @jimmymbennett xox

A post shared by asiaargento (@asiaargento) on

Според адвокатот, додека се возел накај дома, сфатил што се случува, се почувствувал „екстремно збунет, засрамен и згрозен.”

Тоа не го спречува месец дена после „инцидентот” да ѝ прати на Арџенто порака на Твитер со содржина: „Ми фалиш, мама!” со фотографија од гравирана алка што му ја дала после филмот. Сега Твитер профилот на Бенет е затворен.

Договорот не ги спречува двете страни да зборуваат јавно за тоа. Во писмото, адвокатката на Арџенто продолжува: „Теоретски, Бенет може да им раскажува на луѓето за ова. Сепак, под овој договор, не смее да те тужи за тоа. Ниту пак смее да ја објавува сликата од вас двајца. Во најмала рака, не смее веќе да ти бара пари, да расправа или да тужи, сè додека ти се придржуваш на договорот.”

 

My son my love until I will live @jimmymbennett marina del rey 05.2013

A post shared by asiaargento (@asiaargento) on

После сите изнесени факти, тешко е да се донесе заклучок дали е безобразлук во прашање, дали човекот е збунет и истрауматизиран, или само му текнало како лесно се прават пари. Дали е тачна Асиа Арџенто што му се пуштила (и дали воопшто му се пуштила!) на човек што до вчера го викала „син”.

Едно е барем сигурно: луѓето мораат да престанат така лесно да се расфрлаат со зборот „силување”. Така се оди во крајности како новата дефиниција на обратно силување и имаме проблем. Па уште еден, кога прв пат во историјата ќе се запрашаме дали двајца луѓе можат сексуално да се нападнат меѓу себе.

Така се доаѓа до случајот Азис Ансари, и така феминистки почнуваат да спасуваат стриптизети. И оди во неповрат без разлика на предупредувањата од европските филмски работници и еден куп психолози.

24 август 2018 - 09:52