Ријана е сè уште махер за прифаќање себеси

Ријана нема никаков проблем да дискутира и да се шегува околу нејзината „флуктуирачка форма”. И има многу едноставно-јака (и непријатна) поента околу цената што треба да се плати ако сакаш голем задник и големи гради.

Во последното издание на Вог, каде што ја има на насловна, разговара со главниот уредник Едвард Енинфул за нејзиниот изглед: тој ја прашува како е да се биде жена што им е симпатија на други жени, а Ријана одговара:

„Прашуваш погрешна личност. Не знам, можеби затоа што сум дебела сега. Не знам.”

И загрижена е дека ќе ја изгуби таа фигура:

„Сега планирам да се враќам во теретана и се надевам дека нема да ги изгубам задникот, бутовите или колковите. Ќе снема нешто, но не сè. Па, ќе ми текне на цицките и ќе си речам ‘Не, сè ќе изгубам, сè ќе ми снема.’ Ама знаете како е, сè си има цена. Ако сакаш газ, ќе добиеш и стомак.

Коментариве доаѓаат точно една година откако Ријана се отвори пред The Cut за процесот на учење како се облекува тело што цело време прави јо-јо. „Благословена сум со тип на тело што се менува, па еден ден можам да облечам трико, а наредната недела да ми треба нешто за дебели. „Секој ден кога отворам плакар, морам да запазам што сака телото тој ден. Значи, каква недела имаме? Слаба недела? Дебела? Ќе покажуваме раце? Нозе? Ќе се облекуваме во XXL?”

Освен што вака махерски се справува со работи кои луѓето инаку ги сметаат за сосема легитимен извор на стрес, објаснува и дека е многу важно да се опкружи човек со еднакво позитивни луѓе. „Многу сум пребирлива за пријатели. Не сакам пред секого да се отворам и кога ќе најдам одлични и лојални луѓе, не ми се пуштаат,” вели таа. „Кога си сам од тинејџерски денови, новите луѓе ти стануваат семејство.”

Патем, би можело да ве интересира и колку Ријана се разбира во инклузивност. Спојлер: Многу.

20 август 2018 - 09:44