Мажите се бескорисни пред 33

Во серијата на Тиндер, Swipe Sessions, Џенифер Лопез ѝ помага на една 29-годишна корисничка, Брук да избере некој од предлозите. Тука се раѓа оваа изјава.

Брук храбро изјавува дека сака маж што „знае да цепи дрва” па заедно разгледуваат чија биографија издава дека може да се работи за таков. Во меѓувреме, исклучуваат тип на кој во био му пишува „ако чуваш кечап во замрзнувач, ништо не правиме”, плус Лопез дели совети за врски.

„Машките се бескорисни додека не наполнат 33 години.”

Ова се разбира не важи за сите дечки под 33, а сигурно не може да се земе здраво за готово и за тие над 33, но од Инсајдер за ова ја прашуваат д-р Џејн Грир, експерт за романтични врски и автор од Њујорк (делото е: „А јас? Немојте себичноста да ви ја уништи врската”). Според нејзе, тврдењето на Лопез има логика, особено ако ве интересира сериозна врска и обврска.

„Често мажите во нивните рани 30-ти успеваат да си ја стабилизираат кариерата и финансиската состојба, што им дава можност да се чувствуваат посигурни во животот,” вели Грир. „Како резултат на тоа, добиваат една зрелост што доаѓа со достигнувањето, искуството и успехот.”

Ова не значи дека мажите помлади од ова се за фрлање, но сепак нуди објаснување за тоа каде лежи разликата меѓу мажи под и над 30 годишна возраст.

Овде Бен Афлек имаше 30.

„Често има мажи што смениле неколку врски, но полнат 30 и кусур, па запознаваат жена со која се спремни да се оженат,” објаснува Грир.

Тука не се опфаќа само онаа крајна цел „да најдеш стабилен човек за брак,” напротив, возраста ги прави сите луѓе поподносливи. Многу е полесно и само да се разговара со остварен, возрасен маж, отколку со некој што уште не знае кај му е главата.

Така што, изјавата на Џенифер Лопез може и не им користи баш на сите што ќе ја прочитаат, ама дека држи вода - држи.

15 август 2018 - 01:50