Александра Фајн, занаетчика:

Што се учи кога работиш во индустрија за секс-играчки

Отсекогаш ме фасцинирала човечката сексуалност и ме бунело зошто луѓето не зборуваат повеќе на таа тема. На крај станав секс-терапевт, магистрирав на психологија, па сфатив дека не ме бива за терапевт и подзастанав да се пребројам. И кога видов дека пазарот на секс-играчки е проблематичен и регресивен, решив да се фокусирам на создавање решенија за една застарена категорија и така се роди Dame Products.

Откако имам компанија што произведува вибратори (со соработка со фокус групи и тестирање производи), апсорбирав некое знаење околу сексуалните преференци, стравови, аспирации и погрешни толкувања. Ако ви треба поздрав и поисполнувачки секс, повелете некои од најважните работи што ги научив.

Поп-културата го прикажува сексот скроз погрешно

Ви текнува со кој филм или серија прв пат сфативте како функционира сексот? За мене тоа беше Сексот и градот. И долго време мислев дека е така. На серијата, обично одеше вака: двајца луѓе, најчесто цис маж и цис жена, почнуваат страсно да се бакнуваат, притоа буткаат нешто околу себе (мора!), додека се движат кон хоризонтална позиција. После тоа се пикаат под чаршав, веднаш почнуваат со пенис-во-вагина секс и наскоро свршуваат, во точно исто време.

Овде има многу работи за објаснување. Прво, 70 проценти од имателите на вулва кажуваат дека им треба клиторична стимулација за оргазам, а само 5 проценти кажуваат дека ова од погоре им е доволно. Второ, нека крене рака кој свршил во исто време со партнерот. Ако ви е крената раката, супер. Ако не ви е, исто супер. Затоа што ова не е честа работа. Ако се случува, тоа е затоа што и двајцата многу сте се посветиле на учење на туѓиот ритам. И конечно, сте слушнале за предигра? Холивуд изгледа не.

Сериите и филмовите се криви што немаме доволно познавање и разбирање за овие работи, бидејќи не само што промовираат лажни идеи - туку поставуваат и нереални стандарди. И да не забораваме, сексот нема сценарио. Сексот на телевизија е само еден дел од многу голема работа, па немојте да мислите дека не е нормално да сакате да пробате нови работи.

Сите (ама сите!) имаат различни желби и потреби

Понекогаш на работа, вработените знаат да земат некоја рана верзија на модел на вибратор и да одат дома да го пробаат. Следниот ден се враќаат во канцеларија со фидбек. И секогаш, дури и кога вибраторите се идентични, фидбекот е различен. Понекогаш се поставува прашањето: дали стварно сите го користеле истиот вибратор?

Без разлика дали зборувам со луѓе од фокус-група или пробувам нешто сама, секогаш ми текнува дека кога се работи за секс, ништо не е универзално. Човелката сексуална состојба се комплицира со постоењето на различни типови на тело, психолошки преференци, за тоа што нè пали (или не нè пали) и уште многу други работи. Еден тип на секс не значи дека е попријатен од друг. Тоа што функционира кај еден партнер, може да не функционира кај друг. И не можеш ништо да претпоставуваш додека не пробаш.

На крајот, важно е само да се добие задоволство (и се разбира, тоа да не влијае негативно на партнерот). Ако си дозволиме да искусиме задоволство надвор од стегите на општествените очекувања и сценарија, мислам дека ќе се изненадиме од сопствената сексуалност.

Сексот е малку гаден, и тоа е во ред

Вреди да се спомне дека сексот е… па една голема размена на телесни течности. Би сакала така да го срочам тоа затоа што така станува јасно колку е глупо да се очекува сексот да биде чиста работа. Западњачката култура нè убедува дека нашите умови мораат да ги надминат животинските тенденции, и дека чисто и беспрекорно е подобро од задоволувачко. Опасноста од оваа опсесија е што заради нејзе, многу природни нешта стануваат табу.

Ако не можеме да прифатиме дека сме животни и дека сексот е хаос, се ограничуваме и себе и опциите за задоволство. Не барам од вас преку ноќ да заборавите на сè што ви е важно, но бидете искрени кон себе, кон партнерот и ќе почнете да рушите бариери.

Добриот секс има врска со постојана комуникација

Сексот може да биде љубов, омраза, работа, игра, болка и задоволство. И нема никаков начин да се знае што сакате вие или партнерот без да комуницирате. Јас имам свршеник, заедно сме со години, а сепак понекогаш сме на различни страници. Некогаш ми се чини дека ќе прифати нешто ново сексуално, па нема. И обратно се случува. Се менува од ден за ден. Без разлика колку „добро” мислиме дека се знаеме, сепак мора секој ден да проверуваме. Се менуваат расположенија, желби и страсти.

Секост е ништо без комуникација. Тоа значи и невербална комуникација. Говор на тело, тон, невербални вокализации и изрази на лице - тоа се вистински начини за комуницирање меѓу партнери.

Самоцензурата води кон незадоволство и фрустрација. Партнерот не може да ви ги чита мислите, а и вие не можете (без разлика што ви се чини дека можете). Затоа треба да се најде заеднички јазик - дали зборови, дали говор на тело, контакт со очи или што и да е - тоа е од клучна важност. И ова важи и кога треба да се изјасните дека партнерот не комуницира на некаков забележлив начин.

-Александра Фајн

На друга сексуално освестена тема: Разликата меѓу добрите и лошите мажи

21 август 2018 - 09:36