Сега Руби Роуз не им е „правата лезбејка” за Бетвоман

Светот е неподнослив. Луѓето се гадни. Сега Руби Роуз не им е совршена лезбејка за улогата на Бетвоман во филмот што допрва треба да излезе.

Веќе пишувавме дека Руби Роуз ќе влегува во историја како првата Бетвоман-лезбејка, но од некаква луда причина, не само што не се баш сите воодушевени од тоа, него и се расфрлаат со идиотски аргументи на интернет. Роуз го избриша Твитерот откако ја нападнаа за ова - Бетвоман била еврејка и лезбејка, а простиот народ, сокриен зад квази-интелектуала има проблем со двата параметри. Прво зошто Бетвоман не ја глуми еврејка. Второ Руби Роуз била „погрешната” лезбејка за оваа работа.

Значи прво се кука како хетеро актери им зимаат улоги на геј актери (и слично). Кога лезбејка добива можност да глуми лезбејка - е сега е зошто баш таа лезбејка. Ние друга сакавме. Не сме навикнати дека работите стануваат супер и сè се случува толку брзо.

Има и хаштаг, #RecastBatwoman и под него ја обвинуваат Роуз дека е „лезбејка за стрејт публика.”

Еднаш засекогаш може треба некој покомпетентен да заклучи дека немаат проблем луѓето со критични прашања што милуваат да ги категоризираат по хаштагови.

Луѓето имаат проблем со убавина, и од тоа поназад не може.

„Од каде излезе ‘Руби не е лезбејка и не може да биде Бетвоман’? Ова е најсмешното нешто што сум го слушнала. Јас јавно кажав на 12?” твитна Роуз пред да го избрише профилот. „И во последниве 5 години се борам со ‘премногу е геј’ изјави, како бе така сите сменивте мислење? Не сум се променила. Би сакала да можевме да се поддржуаме меѓу себе.”

Руби Роуз навистина кажува дека е лезбејка од своја 12-годишна возраст, и од тогаш, нејзината платформа ја користи за да ја освести јавноста за прашања како родова флуидност. „Јас не се идентификувам како било кој пол,” изјави Роуз во 2015-та. „Не сум маж; не се чувствувам ни баш како жена, но секако сум родена така. Значи сум некаде на средина, што - во мојата совршена имагинација - е како да го имаш најдоброто од двата пола.”

Не е ни прв пат да ја мразат на интернет - минатата година ја караа како е премногу мускулеста после тренинзите што ги помина заради снимање на три акциони филмови.

Луѓе.

„Ако ви требам, барајте ме на бетфонот,” напиша Роуз во еден од последните твитови.

Како Бетвоман, ако човечката злоба, што на интернет добива плус на тежина и масовност не ја спречи во тоа - ќе ја видиме во декември.

15 август 2018 - 10:00